Дискриминација

Сите луѓе се еднакви пред уставот и законот и имаат право на еднаков третман и заштита, без дискриминација. Државата мора да обезбеди ефективна заштита од сите форми на дискриминација и еднаков пристап до правда за сите луѓе. Основната цел е унапредување на легислативата во насока на потполна имплементација на меѓународните стандарди во оваа област. Стратешка цел на Комитетот е натамошно зајакнување на механизмите за заштита и создавање практични предуслови за идентификување, спречување и санкционирање на случаите на дискриминација и овозможување пристап до правда.

Комитетот ја набљудува работата на телата за еднаквост, судовите и останатите институции во заштитата од дискриминација. Во континуитет се преземаат активности поврзани со дискриминацијата на ЛГБТИ заедницата, дискриминацијата по основ на етничка припадност, верско уверување, пол и род, телесна и интелектуална попреченост, политичка припадност и убедување и сите други основи. Освен постапувањето по индивидуални и колективни претставки, Комитетот врши застапување пред домашните и меѓународните судови и останатите механизми за заштита од дискриминација.

Хелсиншкиот комитет за човекови права е дел од Мрежата за заштита од дискриминација, која беше воспоставена во декември 2010 година, со цел да развива стратегиско застапување во случаи на дискриминација.

Видеа

Граѓаните остануваат најмалку осум месеци без првото специјализирано тело за заштита од дискриминација

Дискриминацијата завршува со мене

Дискриминацијата завршува со мене

Дискриминацијата завршува со мене