Биди нечиј херој! Донирај за правна помош!
Минатата година до Хелсиншкиот комитет се обратиле вкупно 337 граѓани со барање за бесплатна правна помош во различни области од правото. Оваа кампања е наменета за креирање одржлив фонд за правна помош, преку кој ќе дејствуваме и на терен, надвор од Скопје. Сакаме да им излеземе во пресрет и на оние граѓани кои не се во можност да ја посетат нашата канцеларија, а на кои ваквата поддршка им е навистина неопходна.
Хелсиншкиот комитет за човекови права, како овластено здружение за давање бесплатна правна помош, преку секојдневна директна комуникација со граѓаните им овозможува правна помош во вид на правни совети и иницијален совет и евентуално пополнување на барања за бесплатна правна помош во граѓански и управни постапки. Преку програмата, Хелсиншкиот комитет нуди услуги на лица со попреченост, Роми, жртви на семејно насилство, сиромашни и невработени лица, сексуални и родови малцинства и жени од рурални средини.
Во рамки на проектот за иновативно финансирање поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет цели кон креирање на фонд кој ќе обезбеди одржливост на бесплатната правна помош со фокус на теренските активности за обезбедување правна помош и едукација надвор од Скопје. Преку собраните средства ќе се обезбедат услови за поддршка на горенаведените групи преку правни совети и организирани средби со граѓаните, со што ќе се превенира настанувањето на одредени правни проблеми и ќе се обезбеди бесплатна правна помош за постоечките.
Донирај на:
Телеком:143 401
Сметка: 300000001460759
Даночен број: 4030994172337
Назив: Хелсиншки комитет за човекови права