Анализа на состојбата на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во Република Македонија

ноември 14, 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот ,,Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија, подготви Анализа на состојбата на лицата со интелектуална попреченост и комбинирани пречки во Република Македонија .

Анализата ги содржи наодите од истражувањата за потребите за промени на лицата со интелектуална попреченост и кобинирани пречки спроведени во неколку области: социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот. Анализата дава заклучоци од утврдените состојби во секоја од областите и препораки за законски и подзаконски измени како одговор на утврдените состојби, а со цел подобрување на состојбата на лицата со интелектуална попреченост и кобинирани пречкии нивно целосно интегрирање во општеството.