Анализа на квалитетот на реформите кои се однесуваат на избор, избор во повисок суд и разрешување на судиите

април 14, 2020

Судиите како носители на судската власт се чувари на човековите права и слободии тие се највисоки гаранти за заштитата на владеењето на правото. Тие се имплементатори на законодавството, правораздаватели и креатори на судската практика и како такви се должни да ја чуваат определбата на државата и правосудството за заштитана демократијата заснована на владеење на правото и унапредување на системот на заштита на човековите права.

Во извршувањето на судиската функција неопходно е да се обезбедат такви услови кои ќе гарантираат суштинска независност на судовите како институции на судската власт, но и индивидуална независност, непристрасност, квалитет, професионалност и ефикасност на судиите при одлучувањето во конкретните предмети.

Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за периодот 2017 – 2022 утврди насоки кои имаа за цел подобрување на системот на правосудство преку надминување на постојните недостатоци од нормативен и институционален карактер и предвиде спроведување на повеќе мерки кои имаа за цел зајакнување на независноста, непристрасноста, квалитетот и одговорноста на вршителите на судската власт.