Работнички права

Кршењето на работничките права на ранливите групи ја наметнува потребата од зголемена активност на Комитетот во насока на давање правна помош за заштита на правото на работа. Во оваа област Комитетот врши набљудување на политиките за подобрување на пристапот до вработување на ранливите групи и ефикасноста на механизмите за заштита кога правата од работен однос се повредени и загрозени. Хелсиншкиот комитет поактивно ќе работи со синдикатите и застапниците на работничките права во заедницата за да ги изложат повредите на правата на работниците и да го зајакнат локалниот капацитет за застапување за правата на работниците да организираат и преговараат за правични и достоинствени услови за работа и за искоренување на детскиот труд, принудната работа и дискриминацијата. Хелсиншкиот комитет посебно е посветен на правата на текстилните работнички ширум државата, како една од најранливите групи во нашето општество.

Видеа

Закон за работнички права

Кршење на работничките права во Северна Македонија / Kršenje prava tekstilnih radnica u Sjevernoj Makedoniji