The Time is Now

февруари 13, 2019

The Time is Now e проект кој цели кон консолидирање на регионалните напори за унапредување на ЛГБТИ правата и еднаквоста во Западен Балкан и Турција и е имплементиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права- ЛГБТИ центарот за поддршка, ЕРА- ЛГБТИ асоцијација за еднакви права за Западен Балкан и Турција, IGLYO од Белгија и повеќе ЛГБТИ организации од Албанија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина, Турција, Србија и Црна Гора. Проектот започна во Јануари 2018 година и ќе се имплементира во рок од три години. Тој е осмислен како исчекор кон понатамошна консолидација на регионалната соработка, вмрежувањето и партнерството помеѓу ЛГБТИ организациите, но и со значајните партнери како што се владите, институциите за човекови права, меѓународните институции и организации и пошироката заедница на пријатели и поддржувачи на ЛГБТИ луѓето на глобално ниво.  Целта на проектот е да застапува и да ја подобри заштитата на човековите права и основните слободи на ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан и Турција преку промоција, поддршка и градење на подинамично и влијателно движење кое има активна улога во обликувањето на јавната дебата за демократија, човекови права социоекономска инклузија и владеење на правото и има капацитети за влијае на политиките и на процесот на донесување одлуки.