Краток преглед на Анализата за мерење на степенот на задоволство од механизмите за заштита на работничките права во Република Северна Македонија
ноември 4, 2019
Прегледот ги сумира најзначајните наоди од Анализата за мерење на степенот на задоволство од механизмите за заштита на работничките права во Република Северна Македонија и има за цел да ја поттикне генералната јавност да се запознае со содржината на целокупната анализа. Анализата ја истражува структуралната поставеност на македонската економија и состојбата со трудот во државата.
Прегледот ги разгледува институционалните механизми за заштита на национално ниво и го претставува нивото на задоволството на граѓаните од секој од нив. Притоа, наодите се дополнети со податоци од фокус групите во однос на ефикасноста на заштита. Вклучени се изјави на учесниците од фокус групите со текстилните работнички, синдикалните претставници и институциите.
Овој краток преглед на анализата е подготвен во рамките на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија” финансиран од Фондот за добро владеење на Велика Британија, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Владата на Обединетото Кралство.