Извештај на Мрежата за заштита од дискриминација

мај 19, 2014

Овој извештај се однесува на работењето на Мрежата за заштита од дискриминација во изминатите три години и три месеци. Главната цел на извештајот е да даде информација за остварувањето на заштитната функција на Комисијата за заштита од дискриминација, преку презентација на начинот на кој е постапувано во однос на претставките што членките на Мрежата ги доставија до КЗД во изминатите три години и три месеци, колку што постои и Комисијата за заштита од дискриминација.