Мој труд – мои права
јули 5, 2019
„Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.“
Прирачникот за работнички и работници „Мој труд – мои права“ својата основа ја наоѓа во уставната заштита на работничките права. Содржината начелно го разработува трудовото законодавство, со цел преку негово поедноставување да се стигне до поефективна заштита на правата на работниците.
Доколку ти требаат информации за тоа како да се заштитиш и каде да се обратиш кога твоите работнички права се прекршени, овој прирачник е за тебе!