Пировска: Омбудсманот треба да е личност што нема да биде договор меѓу политичките партии

јуни 11, 2019

„Моја општа констатација е дека во следните години приоритет на оваа Влада ќе треба да биде да ја врати довербата на граѓаните во институциите. Ситео ние реформски закони што се донесени треба да бидат имплементирани. За обичниот граѓанин информацијата дека се донесени пакет реформиски закони, не значат буквално ништо. Ќе значат оној момент кога ќе отидат на шалтер и кога државниот службеник што ќе ги пречека, без оглед на нивната различност и нивниот статус во ова општество, ќе им го пружат сервиот кој што им е неопходен за да го остварат своето“, изјави Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсинишкиот комитет за човекови права на втората панел дискусија од Форумот „Две години Влада – Одговорно пред граѓаните“, што се одржа на 2 јуни.

Пировска истакна дека додека не се случи остварување на правото на секој граѓанин подеднакво, не можеме да зборуваме за вистински реформи во нашето општество. Според, неа реформите не се прават само на хартија, а законските решенија за кои граѓаните се бореа и се донесоа треба да влезат во практична примена.

„Нивната имплементација бара напор, бара луѓе, коишто таму седат во министерствата, да знаат како да ги имплементираат. Тие треба да имаат сенс и сензибилитет, особено за ранливите групи на коишто дел од реформските закони се однесуваат“, изјави Пировска.

„Јас се кладам дека 70% од држевните службеници не знаат што е родово базирано насилство. Не знаат дека Инстанбулската конвенција не се однесува само на насилството врз жената, туку дека се однесува и на момчиња со поинаква сексуална ориентација, трансродови лица…“, истакна Пировска.

Од тој аспект таа истакна дека треба да се надминат говорот на омраза и делата од омраза, затоа што сите сме нивни жртви, но најмногу припадниците на ЛГБТИ заедницата, осообено во пресрд на Парадата на гордоста на 29 јуни.

„Јас апелирам, како што тоа беше случај со антикорупциската комисија, да нема партиски влијанија. Крајно време е омбудсманот, чиј мандат завршува во 2020, да биде човек, жена, личност што не е претходен договор на партиите. Тоа мора да престане. Омбудсманот во развиените земји во светот се смета за реформатор. Некој којшто кога ќе излезе и ќе тресне со раката по маса, паѓаат министри. Како ќе се случи тоа кај нас? Прво, нема независен буџет, па мора постојано да се расправа за вработувања и слично, второ самиот факт дека станал Народен правобранител затоа што е близок до извесна политичка структура не може да ви обезбеди доверба меѓу граѓаните и не може да верувате во неговата целосна непристрасност“, потенцираше Пеировска.

Втората сесија на Форумот „Агенда 2019-2020: Фокусот на Владата до крајот на мандатот“ ја модерираше Џабир Дерала, ЦИВИЛ, а учествуваа премиерот Заев, Томислав Кежаровски, новинар, Беса Арифи, универзитетска професорка, Таки Фити, претседател на МАНУ, Љатифа Шиковска, граѓанска активистка, Уранија Пировска, директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Коста Петров, претприемач и Антонио Аргир, претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети