јуни 10, 2019

Mесечник за злосторства од омраза – мај 2019

Во мај 2019 година регистрирани се вкупно 22 инциденти од омраза, од кои 20 се сторени поради етничка припадност, а 2 се поради политичка припадност. Најмогу инциднети се регистрирани во Скопје (19), а од поднесените кривични пријави една е за кривично дело ,,ширење расистички и ксенофобичен материјал”, а другата за ,,Насилство”. Трендот најголем дел од сторителите и жртвите да се деца ( лица до 18 години) и млади лица продолжува, со тоа што во последен период се бележи и значително намалување на старосната граница на инволвираните деца, особено на жртвите (најмалото е 12 години).

Овој месец го издвојуваме случајот на насилство сторено поради етничка омраза. На 17.05.2019 година во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ двајца малолетници на возраст од 12 и 13 години биле физички нападнати од неколку непознати лица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Документи