СОСТОЈБАТА СО ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО 2024 ГОДИНА
јануари 20, 2025

Во 2024 година, платформата www.govornaomraza.mk регистрираше 1391 пријава за говор на омраза. Најзастапен беше говорот на омраза по национална и етничка припадност, особено во контекст на изборните процеси (парламентарните и претседателските избори), политички
изјави и општествени настани.
Сериозен пораст беше забележан и кон ЛГБТИК+ заедницата, особено за време на Скопје Прајд 2024 и други настани со висока видливост. И покрај бројните пријави, институционалниот одговор е слаб, а ниту една кривична пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет не резултираше со обвинение.


