Работничките права во време на коронавирусот бр.3

април 29, 2020

Во втората половина од месецот, почнаа да се намалуваат пријавите за отпуштања од работа, но и да расте бројот на пријави од работници на кои платата не им била исплатена или им била намалена дури и за 50 проценти, незаконски повикувајќи се на институтот „виша сила“. Во периодот од 15 до 28 април 2020 година, Хелсиншкиот комитет доби 24 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат 552 работници. Деталите околу појавата на колективни отпуштања, принудни прекини со спогодби, неисплаќање и/или намалување на плати во изминативе две седмици, како и во врска со други прекршувања, се достапни на инфографикот подолу.

Инфографикот е изготвен во рамки на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија’’, финансиран од Фондот за добро владеење на Британија. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Владата на Обединетото Кралство.