април 7, 2020

Месечен информатор за дискриминација за месец февруари 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот „Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.

Во февруари 2020 забележани се пет случаи на нееднаков третман, и три реакции од здруженија на граѓани. Од нотираните случаи се издвојува инцидентот со студент кој бил дискриминиран од контролори на ЈСП врз основа на етничка припадност и боја на кожа.

За повеќе детали околу овој случај и други податоци околу нотираните случаи на дискриминација во февруари, преземете го инфографикот подолу:

Документи