април 7, 2020

Месечен информатор за дискриминација за месец јануари 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот ,,Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање на месечни информатори кои имаат за цел да ја информираат јавноста за бројот и видот на регистрирани случаи на дискриминација во земјата на месечно ниво, поведени постапки за заштита од дискриминација, судска пракса од домашните судови и Европскиот суд за човекови права, пракса на Народниот Правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, како и преземените активности на здруженијата на граѓани и релевантните институции во полето на заштита од дискриминација.

Во јануари 2020 се забележани четири случаи на дискриминација, на кои реагирале само здруженија на граѓани. Еден од тие случаи е отказ за бремена работничка, која побара правна помош од Хелсиншкиот комитет бидејќи работодавачот незаконски и го прекинал работниот однос додека користела боледување. За повеќе детали околу овој случај и други податоци околу нотираните случаи на дискриминација во јануари, преземете го инфографикот подолу:

Документи