Извештај од мониторинг посета на Јавната установа за згрижување деца со воспитно- социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје

октомври 16, 2026

Овој извештај е изработен во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, со цел унапредување на условите за живот, заштитата на правата и квалитетот на услугите за децата сместени во институционална грижа. Проектот се заснова на пристап заснован врз човекови права и има за цел да придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите категории преку мониторинг, анализа на состојбите и изработка на препораки за системски подобрувања.

Во рамки на мониторинг активностите беше спроведена посета на организационите единици Капиштец, Козле,
Влае и Пржино, кои функционираат во состав на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални
проблеми и нарушено поведение – Скопје. Станува збор за мали групни домови формирани во процесот на
деинституционализација, со цел обезбедување помали, побезбедни и поподдржувачки средини за децата сместени во системот на социјална заштита.

Посетите беа спроведени врз основа на претходно изготвена методологија, со цел да се добие сеопфатна
слика за функционирањето на малите групни домови, квалитетот на грижата, почитувањето на правата на
децата и предизвиците со кои се соочуваат и децата и вработените, а заради изработка на препораки за
унапредување на системот на заштита.