мај 13, 2019

Извештај за претседателските избори 2019

Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија, согласно својата мисија и цели, го следеше текот на постапката за избор на претседател на Република Северна Македонија.

На 8ми февруари 2019 година претседателот на Собранието на Република Северна Македонија ги распиша претседателските избори за 21.04.2019 година. Официјалниот период за кампања на кандидатите за претседател за прв круг започна на 01.04.2019 година, а заврши на 19.04.2019
година на полноќ, додека пак кампањата за втор круг започна на 22.04.2019 година, а заврши 24 часа пред денот на одржување на вториот круг на изборите.

Канцеларијата на Комитетот на денот на гласањето за избор на претседател на 21.04.2019 година (прв круг) и на 05.05.2019 година (втор круг) беше отворена од 07 до 19 часот. Во истиот период беше отворена и телефонската линија 02/3119-073 за пријавување на неправилности и прекршувања поврзани со текот на гласањето и остварувањето на избирачкото право на граѓаните со право на глас. Претходно, од денот на
распишување на изборите, се до денот на изборите во вториот круг, граѓаните имаа можност да пријават било какви еправилности преку телефонската линија, електронски и/или лично.

На денот на изборите, до Хелсиншкиот комитет за човекови права се обратија седум лица кои пријавија повреда на избирачкото право и нерегуларности при гласањето. Најголем дел од пријавите се однесуваа на спреченоста граѓаните да го остварат своето право на глас поради
тоа што не се запишани во Избирачкиот список.

Документи