Годишник за криминалот од омраза за 2018 година
септември 10, 2019
Овој извештај е резултат на проектот „Превенција од дискриминација и спраување со криминалот од омраза и говорот на омраза“, кој беше финансиски поддржан од Мисијата на
ОБСЕ во Скопје, а спроведен во периодот од 1 јануари до 31 Декември 2018 година.
Проектот имаше цел да се занимава со прашањето за делата од омраза и говорот на омраза преку унапредено законодавство, подигнување на јавната свест, градење на капацитети и
регистрирање на инцидентите сторени од предрасуда. Поконкретно, овој извештај е наменет да послужи како индикатор за опсегот, природата и зачестеноста на кривичните дела од омраза извршени во земјата.
Во рамките на неговиот мандат на имплементирачки партнер во проектот, Хелсиншкиот комитет за човекови права (МХК) ги спроведе следниве активности во однос на злосторствата од омраза, и тоа:
- Понатамошно следење инциденти/злосторства од омраза со посебно внимание на насилство во спортот мотивирано од пристрасност;
- Ревидирање на пријавените злосторства од омраза и придонес во Годишниот извештај на ОДИХР за злосторства од омраза и инциденти во регионот на ОБСЕ за 2017;
- Одржување, ажурирање и превод на веб-страницата www.zlostorstvaodomraza.com, вклучително и внесување на информации на македонски, албански и англиски јазик,
објавување на линкови од популарни интернет портали, како и одржување на Фејсбук и Твитер групите, проверка на информациите за регистрираните инциденти ( барања за
информации до МВР и ЈО) - Користење на апликацијата Red Botton на интернет страната на МВР и пријавување на случаи преку истата,
- Изготвување на месечни информатори за состојбата со злосторствата од омраза во земјата;
- Подготвување, превод и објавување на извештајот од следењето на злосторствата од омраза за 2018 година на македонски, албански и англиски јазик;
- Oдбележување на предложениот Ден на жртвите на дела од омраза (22 јули) преку организирање на прес-конференција и настан „Турлитава“;
- Овозможување на бесплатна правна помош и советување на жртвите на дела од омраза како и следење на судските постапки за конкретни случаи кои се однесуваат на различни
заштитни карактеристики, - Произведување на 2 (две) информативни видеа за подигнување на свеста за дела од омраза, пријавување на ваквите дела и информирање за правата на жртвите на вакви дела.