април 1, 2016

Годишен извештај за човековите права во Република Македонија 2015

Соодветно на својата мисија да врши мониторинг на состојбите со човековите права и слободи во Република Македонија, Хелсиншкиот комитет секоја година објавува Годишен извештај во кој ги изнесува своите ставови и мислења по однос на сите области во кои човековите права и слободи биле засегнати. Извештајот за 2015 година претставува воедно и сублимат на работата на Комитетот во текот на целата година од аспект на следење на човековите права и слободи, а за кои известувавме во месечните извештаи.

Годишниот извештај претставува сублимат на анализи за констатираните состојби со човековите права во следните области:

• Нелегално прислушување и Специјално јавно обвинителство • Граѓански и политички права • Судство • Устав и законодавство • Затворени институции и полициско постапување • Дискриминација • Говор и дела од омраза • Економски и социјални права • Родово базирано насилство • Бегалска криза

Ценејќи дека Уставот и ратификуваните меѓународните договори ја гарантираат можноста за остварување и заштита на слободите и правата на луѓето, Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да ги следи состојбите со човековите права и да врши нивна промоција и да обезбедува правна заштита на граѓаните чии права и слободи се повредени.

Документи