Влијанието на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права врз процесот на пристапување на Република Северна Македонија во европската унија
август 31, 2020
Овој документ за јавна политика е изработен со финансиска поддршка на Фондација Oтворено општество – Македонија во рамки ФООМ во рамки на концептот Учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ. Целта на овој документ е да придонесе кон информирање на јавноста за влијанието на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права врз процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија земајќи ја предвид новата методологија за пристапување. Подготовката на документот се одвиваше во клучен момент во процесот на пристапување на земјата, особено имајќи ги предвид клучните политички промени кои се случија на ниво на Европска Унија и во земјата.