Живот зад решетки!
Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува проект со цел да се адресираат прекршувањата на човековите права на лицата кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи, кои најчесто се резултат на корупцијата во затворскиот систем во Република Македонија. Во рамките на проектот, Хелсиншкиот комитет ќе врши мониторинг на состојбата и условите во казнениот систем преку теренски посети во сите казнено-поправни установи во државата и ќе обезбедува бесплатна правна помош на осудените лица и ќе ја подигне свесноста кај јавноста за корупцијата во затворскиот систем со цел менување на дискриминаторската перцепција во јавноста кон оваа ранлива група.
Донатор: Владата на САД преку Амбасадата на САД
Временска рамка: 15.08.2018 - 31.07.2019