Застапување за женски права: Патот до родова еднаквост

Целта на овој проект е да се зајакне улогата на граѓанските организации во процесот на пристапување кон Европската унија, со посебен фокус на прашања од областа на родовата еднаквост. Оваа цел ќе биде остварена преку зголемување на капацитетот на Хелсиншкиот комитет за застапување за ЕУ во областа на родовата еднаквост преку мониторинг на имплементацијата на домашното законодавство во согласност со стандардите на ЕУ преку прибирање на податоци засновани на докази и известување. Со цел да се исполнат поставените цели, проектот ќе ангажира директни (жртви на родова дискриминација и родово базирано насилство, државни институции – МТСП, МВР, МЗ, институции на ЕУ – ЕУ делегацијата во Северна Македонија, граѓански организации и Платформата за родова еднаквост, меѓународната заедница – амбасади, УН организации, Совет на Европа) и индиректни целни групи (жени и девојчиња вклучени преку веб-платформата медуза.мк и пошироката јавност) за да го зголеми влијанието и да обезбеди мултипликација на предвидените резултати.

 

Донатор: Kvinna till Kvinna Временска рамка: 2021 – 2023