Повик за дизајн и принт на промотивни материјали

март 6, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461198, спроведува постапка на прибирање на понуди, со упатување на покана – барање за доставување на понуди. 

Потребна е набавка – дизајн и принт на визуелен идентитет, лого и промотивни материјали за проектот (опишани под точка 1). 

За горенаведениот предмет понудите да бидат испратени најдоцна до 14.03.2025 година (петок) во 16:00 часот, по електронска пошта на tona.kareva@mhc.org.mk. 

Со оваа покана ви ја доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата. 

  1. Опис на бараната набавка 

Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции, финансиран од Европската унија. 

Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели: 

Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции. 

Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик. 

Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик. 

Во рамки на проектот  потребно да се изготви визуелен идентиет на проектот, дизајн и принт на визуелен идентитет, лого и промотивни материјали. 

Опис на потребните услуги: 

  • Дизајн на визуелен идентитет и лого на проектот – Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции (Развивање на најмалку три предлози за визуелен идентитет на Проектот) 
  • Дизајн на промотивни материјали и подготвка за печат (промотивна страница, меморандум, банер, папка, тефтер, пенкало, маици, усб, торба) 
  • Принт на промотивни материјали (150 промотивни сетови (еден сет содржи – промотивна страница, папка, пенкало, тефтер, усб, торба), 1 банер, 30 маици) 
  1. 2. Општи информации

Од понудувачот се бара да достави најекономична и најдобра понуда во согласност со горенаведените материјали. Со тоа што во понудата секоја од горенаведените ставки треба да биде посебно образложена. Критериумите за избор на понудата се наведени под точка 3 на овој документ. 

Цените при наведената понуда да бидат изразени без ДДВ. 

  1. Критериум за доделување на договорот за набавка

Критериумите за доделување на договорот за набавка се: 

  • економски најповолна понуда
  • најдобар квалитет
  • најкраток рок на испорака

За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда е најсоодветна според наведените критериуми. 

  1. Евалуација на понудите

При евалуацијата на понудите ќе се земат предвид понудените цени, рокот на испорака и квалитетот на материјалите. Евалуацијата на понудите ќе се врши од страна на Комисијата, формирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на постапкатa. 

Доколку вашата понуда биде избрана ќе бидете информирани; 

Наведете рок на испорака по прифаќање на работата; 

Во случај на потреба од дополнително појаснувања, слободно контактирајте не.  

Напомена: Проектот е ослободен од ДДВ. По направен избор за најповолен понудувач ќе биде доставено решение и потврда од УЈП и СЕП.