Повик за ангажирање на психолог
јуни 13, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на проектот „Safe Spaces for all: Bridging Gaps in LGBTIQ+ inclusion“, има потреба од ангажирање на Психолог/психотерапевт.
Предвидени задачи (опис на позицијата)
- Одржување онлајн психотерапевтски сесии;
- Одржување психотерапевтски сесии во живо;
- Извештаи за одржани сесии.
Квалификации:
Образование и работно искуство
- Завршени додипломски студии;
- Завршена психотераписка школа, или во завршна фаза во која е дозволена работа под супервизија.
- Најмалку 2 години релевантно работно искуство во ваква или слична активност;
Технички вештини
- Напредно познавање на MS Office: Word, Excel, PowerPoint (задолжително), искуство со користење на Teams и One Drive за работни комуникации и соработка (пожелно)
Знаење и други вештини
- Вештини на советување;
- Поседување на емпатија.
Систем на вредности:
Во нашата организација, ги негуваме и почитуваме основните човекови вредности за кои се залагаме во нашето работење и веруваме во следните основни вредности кои нè водат во секојдневната работа и односите со нашите колеги и сите засегнати страни:
- Искреност – Отвореност и транспарентност во комуникацијата, градење на доверба помеѓу сите членови на тимот.
- Иновација – Постојан стремеж кон создавање нови решенија и подобрување на нашите активности и услуги со користење на современи технологии и методи.
- Тимска работа – Соработка и поддршка на колегите, воедно почитување на разликите и различните перспективи на секој поединец.
- Образование и развој – Инвестирање во личниот и организацискиот развој преку континуирано учење и професионално усовршување.
- Одговорност – Преземање лична одговорност за сопствените дела и одлуки, посветеност на постигнување на заедничките цели на организацијата.
- Еднаквост и инклузија – Поттикнување вклучување и еднакви можности за сите, независно од полот, родот, етникумот, религиозната определба, сексуалната ориентација или други основи за различност.
- Солидарност – Поддршка на нашите колеги и заедницата во време на потреба, работа на создавање инклузивна средина која охрабрува различни гласови и перспективи.
- Почит – Уважување на секого како поединец, со сите негови вредности и уверувања.
Како да се пријавите
За да се пријавите, Ве молиме да доставите:
- CV (на англиски јазик)
- Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство и образование е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 250 зборови)
Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на helkom@mhc.org.mk со наслов ПСИХОЛОГ. Рокот за пријавување е заклучно со 20 јуни, 2025 година. Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.