ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ЕКСПЕРТ

февруари 4, 2025

Општи информации 

 

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамките на проектот на проектот „Поддршка на НВО за обезбедување правна помош на жртви на РБН и одржливи сервиси за мобилизирање локална поддршка” поддржан од страна на Фондот за популација на ОН (УНФПА), oбјавува повик за ангажирање на експерт за одржување работилница за јакнење на капацитетите на Хелсиншкиот комитет за собирање парични средства, за изготвување план за мапирање и профилирање на сојузници во приватниот сектор и за менторирање во процесот на организација и реализација на настан за собирање парични средства за одржливост на сервисот за родово базирано насилство. 

 Главната цел на соработката е да се поддржи граѓанската организација да има одржливост и да обезбеди долгорочни услуги за преживеаните и жртвите на родово базирано насилство. Хелсиншкиот комитет обезбедува бесплатна правна помош за жртвите и развива соработка со сите засегнати страни на локално ниво, вклучително и бизнис секторот и институциите. 

Позиција 

Експерт за одржување работилница за јакнење на капацитетите на Хелсиншкиот комитет за собирање парични средства, за изготвување план за мапирање и профилирање на сојузници во приватниот сектор и за менторирање во процесот на организација и реализација на настан за собирање парични средства за одржливост на сервисот за родово базирано насилство 

Избор на експерт 

На овој повик имаат право да учествуваат сите физички и правни лица што ги исполнуваат следниве критериуми: 

  • Работно искуство во областа во последните 5 години; 
  • Минимум 5 (пет) успешно спроведени настани за собирање средства; и 
  • Минимум 5 (пет) обуки/работилници за јакнење на капацитетите во релевантната област, во кои кандидатот бил обучувач. 

Искуството се докажува по пат на приложена кратка биографија (CV) или портфолио во кои се наведени обуките каде што кандидатот бил обучувач и релевантното работно искуство. 

Работни задачи 

  • Подготвување на концепт и методологија за спроведување на работилницата 
  • Утврдување на целите на работилницата 
  • Подготовка на материјали за спроведување на работилницата 
  • Подготовка на план/стратегија за мапирање и профилирање на сојузници во приватниот сектор за добивање финансиска поддршка, во договор со Хелсиншкиот комитет за човекови права 
  • Менторство во процесот на организација и реализација на настан за собирање парични средства 
  • Постојана комуникација со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет за човекови права за спроведување на сите задачи, вклучително и утврдување на роковите за нивно завршување 

Спроведување на работните задачи 

Времетраењето на ангажманот ќе започне веднаш по склучување на договорот и ќе трае до завршување на активностите, односно до 31 март 2025 година. 

Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со надворешниот соработник (физичко или правно лице) каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.  

Начин  на пријавување 

За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават: 

  • професионална биографија (CV) или портфолио, вклучително со обуките каде што кандидатот бил обучувач и релевантното работно искуство; и 
  • финансиска понуда за реализирање на активностите 

Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 07.02.2025 година со назнака „Избор на експерт“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии или портфолија и евалуација на финансиските понуди. 

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.   

 

Скопје, 04.02.2025 година.