Јавен повик за експертска позиција за изработка на сеопфатна анализа за проценка на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во воспитно – поправниот дом – Тетово, мали групни домови, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување и заводот во Демир Капија
мај 15, 2025

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции“, финансиран од Европската Унија како дел од програмата EuropeAid/180645/DD/ACT/MK, согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NDICI-THE-NEAR/2024/461-198, објавува јавен повик за ангажман на тим од 3 експерти за изработка на сеопфатна анализа за проценка на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во целните институции.
Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции, финансиран од Европската унија. Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на услугите за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции преку пристап заснован на човекови права. Проектот има три специфични цели:
– Да се подобрат условите и унапредат човековите права на децата и ранливите лица во ризик во затворени институции.
– Да се зајакнат капацитетите на релевантниот персонал кој работи со деца и ранливи лица во ризик.
– Да се овозможи соработката помеѓу локалните активисти и релевантните чинители преку поттикнување на вклученоста на заедницата на децата и ранливите лица во ризик.
Проектот, меѓу другото, вклучува изработка на сеопфатна анализа за проценка на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во воспитно – поправниот дом – Тетово, мали групни домови, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување и заводот во Демир Капија. Оваа анализа ќе ги идентификува специфичните потреби, предизвици и празнини во услугите за овие целни групи и ќе обезбеди целни решенија за интервенции за подобрување на нивната целокупна благосостојба. Со изготвување на оваа анализа за проценка на потребите, ќе придонесеме за детално и сеопфатно разбирање на специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат целните групи, зголемена свест кај засегнатите страни за празнините во услугите и потребните чекори за решавање на овие празнини и подобрени услуги што ќе доведат до подобрени услуги и услови за целните групи.
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик тимот од 3 експерти/тки ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:
- Подготовка на методологија за спроведување на сеопфатна анализа за проценка на потребите на децата во ризик и лицата со попреченост во воспитно – поправниот дом – Тетово, мали групни домови, ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено однесување и заводот во Демир Капија;
- Идентификување и анализа на релевантна литература и имплементирање на алатки за прибирање на податоци за собирање на податоци;
- Изработка на краток baseline документ за потребите на проектот;
- Редовна комуникација и координација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.
Потребни квалификации
- Завршено високо образование. Завршени постдипломски или докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман, работа со деца и маргинализирани групи граѓани;
- Искуство во изработка и подготовка на анализи и публикации;
- Напредно познавање на англискиот јазик и
- Напредни истражувачки и аналитички способности.
Временска рамка и надомест
Eкспертите/тките ќе биде ангажиран/а во периодот помеѓу јуни и септември, вкупно 30 работни дена или 10 работни дена по експерт во договор со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.
Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен. На повикот може да аплицирате индивудуално или како експертски тим. Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на:
- Работна биографија (CV)
- Примероци/референци од претходно изработени анализи во последните 5 години
- Предлог кратка методологија
- Понудена бруто цена (1 експертски ден се 8 часа)
Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Релевантна биографија и искуство – 40 поени
- Примероци/референци од претходна работа – 40 поени
- Понудена бруто цена – 20 поени
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик на следните е-маил адреси: helkom@mhc.org.mk и tona.kareva@mhc.org.mnk со назнака „Пријава за експерт/ка за изработка на анализа“. Рокот за аплицирање е до 25.05.2025 година.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073