Турлитава – заедно е послатко

јули 19, 2019

Со цел да се одбележи 22 јули, како ден посветен на жртвите на дела од омраза, во понеделник Хелсиншкиот Комитет за човекови права со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, по шести пат го организира настанот „Турлитава – заедно е послатко“ во Паркот на Франкофонијата во Мобилна / Монтажна Галерија, со почеток од 19:00 часот.

Овој пикник е посветен на промоција на соживотот и толеранцијата помеѓу сите заедници во нашата држава. Во фокусот на овогодинешниот настан ќе биде Ромската заедница.

За време на пикникот ќе бидат претставени вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни (македонска, албанска, турска, ромска, српска, бошњачка, влашка и други). Музичката програма ќе биде подготвена од Александар Петров и неговиот бенд.

Ве очекуваме заедно да ги вкусиме различните традиционални кујни и заедно да го потенцираме прифаќањето, признавањето и споделувањето.