Совет на Европа: Почитување на демократијата, владеењето на правото и човековите права во рамки на санитарната криза поврзана со КОВИД-19
мај 5, 2020
Целта на овој документ е на владите да им обезбеди збирка на алатки за справување со тековната санитарна криза која е масовна по обем и без преседан, на начин со кој се почитуваат основните вредности на демократијата, владеењето на правото и човековите права. На самиот почеток се препознава дека владите се соочуваат со тешки предизвици во обидите да го заштитат своето население од заканата од КОВИД-19. Исто така, разбирливо е дека не може да се одржи редовно функционирање на општеството, особено во светло на главните заштитни мерки кои се потребни за борба против вирусот, имено ограничување на движењето. Исто така, се прифаќа и дека преземените мерки неизбежно ќе навлезат во правата и слободите кои се интегрален и неопходен дел од демократското општество раководено преку владеење на правото.
Главниот општествен, политички и правен предизвик со кој се соочуваат нашите земји членки ќе биде нивната способност делотворно да одговорат на оваа криза, истовремено обезбедувајќи дека мерките кои ги преземаат нема да го поткопаат нашиот вистински долгорочен интерес за зачувување на европските темелни вредности на демократија, владеење на правото и човекови права. Токму тука Советот на Европа мора да го изврши својот основен мандат со тоа што преку своите статутарни органи и сите надлежни тела и механизми ќе обезбеди форум преку кој колективно ќе осигури овие мерки да останат пропорционални на заканата од ширењето на вирусот и да бидат со ограничено траење. Вирусот уништува многу животи и уште многу работи што ни се многу драги. Не треба да дозволиме да ги уништи нашите основни вредности и слободни општества.
Преземете го документот на Совет на Европа на линкот подолу.