јуни 22, 2020

„Сите работници се важни и мора да бидат заштитени од КОВИД-19, без исклучоци“ – експерти за права од ОН

ЖЕНЕВА (18 мај 2020) – Како што земјите почнуваат да ги олеснуваат неодамнешните рестрикции од пандемијата со коронавирусот, група експерти за човекови права од ОН ги повикува владите и бизнисите да обезбедат соодветна заштита од изложување на КОВИД-19 за сите работници.

„Ниеден работник не е потрошлив. Сите работници се од суштинско значење, без разлика која категорија се применува врз нив од страна на државите или на бизнисите. Секој работник има право да биде заштитен од изложување на опасности на работното место, вклучувајќи го и коронавирусот.

Загрижени сме за бројката на работниците од првиот ред на кои не им е дадена соодветна заштита за време на периодите кога заразата ја достигнува својата кулминација во различни земји и економски сектори. И како што владите продолжуваат да ги олеснуваат рестрикциите и работниците почнуваат да се враќаат на работа, настојуваме сите држави и бизниси да обезбедат превентивни и претпазливи мерки со цел да го заштитат секој работник.

Исто така сме и длабоко загрижени за несразмерниот ризик на кој се изложени работниците со ниски примања, малцинствата, мигрантите, постарите лица и лица со веќе постоечки здравствени проблеми, жените, како и неформалниот сектор и лицата во неформалната економија.

Настојуваме државите и бизнисите да работат со синдикатите и другите претставници на работниците за да ги обезбедат потребните заштитни мерки.

Имајќи го предвид нашиот повик на Меѓународната конференција на трудот во 2019, ги поздравуваме тековните дискусии за вклучување на правото за безбедно и здраво работење како фундаментално право и принцип на Меѓународната организација на трудот. Сепак, крајно време е МОТ да го уважи правото на безбедно и здравје на работното место и настојуваме владејачкото тело на Организацијата да го признае ова право без никакво одложување, заедно со другите меѓународно признаени човекови права.

Тоа што ранливите работници се принудени да работат, а немаат избор освен да издржат во услови што ги загрозуваат, вклучувајќи го и укинувањето на претходно заснованите човековите права, може да предизвика форма на принудна работа, велат од МОТ.

Им искажуваме почит и восхит на работниците од првиот ред на пандемијата, кои обезбедуваат здравство, храна, вода, хигиена и други потребни добра и услуги, но и сочувство на семејствата на оние што ги загубиле блиските што го работеле ова.

Нашата порака денес е едноставна, но од суштинско значење: секој вработен мора да биде заштитен, без оглед на сè.

ПОРАКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Во една од одлуките од септември 2019 на Советот за човекови права се повикуваат државите и бизнисите подобро да ги заштитат работниците од опасни супстанци и да го охрабрат спроведувањето на сетот принципи во овој поглед.

За време на стогодишнината на МОТ во 2019, експертите за човекови права од ОН настојуваа МОТ да ги спознае безбедната и здравата работа како едно од основните права и принципи, заедно со другите меѓународно прифатени човекови права.

*Експертите: г. Баскут Тункак, Специјален известувач за импликациите за човековите права за здравото управување со животната средина и исфрлањето штетни супстанци и отпад; г. Даиниус Пурас, Специјален известувач за правото на сите да уживаат во највисокиот остварлив стандард на физичко и ментално здравје; г. Мајкл Факри, Специјален известувач за правото на храна; г. Оливие де Шутер, Современ известувач за екстремна сиромаштија и човекови права; г. Томоја Обоката, Специјален известувач за современите форми на ропство, причини и последици; г. Лео Хелер, Специјален известувач за човековите права за вода и хигиена; г-а Дубравка Шимоновиќ, Специјален известувач за насилството против жените, причини и последици; Мескерем Гесет Текане (претседавач), Елизабет Бродерик (заменик-претседавач), Алда Фачио, Ивана Радачиќ и Мелиса Упрети, Работна група за дискриминација врз жени и девојки. Сурја Дева, Елжбиета Карска, Гиту Муигаи (претседавач), Данте Песце, Анита Рамасастри (заменик-претседавач), Работна група за проблемот со човекови права и меѓународни корпорации и други бизнис претпријатија.

 Специјалните известувачи, независните експерти и работни групи се дел од Специјални постапки на Советот за човекови права. Специјалните постапки, најголемото тело на независни експерти во системот на човекови права на ОН, е генералното име за независното барање на факти на Советот и механизмите за следење што адресираат или специфични ситуации во една земја или тематски проблеми од сите делови на светот. Експертите за специјални постапки работат на волонтерска основа – не се вработени во ОН и не добиваат плата за својата работа. Тие се независни од сите влади или организации и делуваат со својот сопствен капацитет.

За повеќе информации и барања до медиумите, ве молиме да го исконтактирате г. Алвин Гачие (+41 22 917 9971 / agachie@ohchr.org) или пишете на srtoxicwaste@ohchr.org

За прашања до медиумите поврзани со независните експерти на ОН, ве молиме да го исконтактирате Ксабиер Целаја (+ 41 22 917 9445 / xcelaya@ohchr.org)

Следете ги вестите поврзани со независните експерти за човекови права на ОН на Твитер: @UN_SPExperts.

Загрижени сте за светот во кој живееме?

Тогаш БОРИ СЕ за нечии права уште денеска.

#Standup4humanrights

и посетете ја веб-страницата http://www.standup4humanrights.org