РАДИО Kампања: Македонија има љубов за сите
октомври 25, 2013
Точно една година од отворањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка, после креираната застрашувачка хомофобична атмосфера и петте напади, продолжуваме по нашиот пат и кон целта која од почеток ја зацртавме: еднаквост за сите луѓе во Република Македонија.
Во пресрет на повторното отворање на Центарот во Старата скопска чаршија и одржувањето на петтиот по ред Марш на Толеранција, ЛГБТИ Центарот за поддршка и Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија (МХЦ), со поддршка одFront Line Defenders (ФЛД)ја изработија радио кампањата „Македонија има љубов за сите“, која пред сѐ е фокусирана на осуда на насилството и давање поддршка на ЛГБТИ луѓето.
Најважно од сѐе тоа што во овој процес на заживување на ЛГБТИ заедницата и продолжување на борбата за еднаквост, ЛГБТИ заедницата не се уплаши и не потклекна пред котинуираните напади, туку напротив, во поголем број, многу посилна и со гордост излегува јавно да ги бара своите права. Сакаме да се заблагодариме на сите ЛГБТИ луѓе кои со гордост и отворено застанаа во одбрана на своите права и учествуваат во оваа кампања, нивните родители како и на сите јавни личности кои солидарно се појавуваат во оваа кампања, бранејќи ја еднаквоста, слободата и достоинството.
Во однос на подготовката и лансирањето на оваа кампања ФЛД даде изјава : Горди сме да ја поддржиме оваа радио кампања за поддршка на бранителите на ЛГБТИ правата во Македонија. Насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ заедницата и таргетирањето на оние кои работат за подобрување на човековите права е нешто за кое нема простор во било кое општество денес. Употребувајќи го радиото за да допре до поголем број слушатели, оваа кампања може да помогне во промената на јавниот дискурс и да ги притисне властите да го превенираат насилството и да оние кои ги извршиле насилничките дејства бидат повикани на одговорност.
Програмскиот директор на ЛГБТИ центарот за поддршка, Кочо Андоновски изјави „Со насилство, закани, непостапување на институциите, некој сака да го запре ЛГБТИ активизмот, да го запре процесот на заживување на ЛГБТИ заедницата во Македонија. Оваа кампања е нашиот одговор. Не е одговор само од ЛГБТИ Центарот, не само од активистите, туку од целата заедница: нема да запреме! Назад нема! Попусти се заплашувањата и притисоците, тие не прават уште посилни и порешителни да продолжиме со нашата борба за постигнување на еднаквост.“
Освен на неколку радија, кампањата можете да ја следите и споделувате преку интернет страницата:
https://www.radiohrd.org/macedonia/index.html
Срдечно ваши,
ЛГБТИ Центар за поддршка, МХЦ и ФЛД