мај 31, 2020

Работничките права во време на коронавирусот бр. 5

Во периодот од 16ти до 31ви мај продолжи да се намалува бројот на пријави за најгруби прекршувања на работничките права. Бројот на пријави за противзаконски откази и принудни спогодбени раскинувања на договорите за вработување е повторно намален во однос на претходните четири периоди (сите достапни во форма на инфографици), но зголемен е бројот на пријави за неисплатени или намалени плати. Хелсиншкиот комитет во овој период доби 14 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат 212 работници. Сите информации во врска со прекршувањата, се достапни на инфографикот подолу.

Инфографикот е изготвен во рамки на проектот ,,Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија’’, финансиран од Фондот за добро владеење на Британија. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Владата на Обединетото Кралство.

Документи