октомври 10, 2023

Работилница за младински креативен активизам во Велес

Мрежата за заштита од дискриминација и Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведоа дводневна работилница за креативен младински активизам во Велес, на 5 и 6 октомври. Темите на работилницата беа толеранцијата, заемното почитување и недискриминацијата. Преку предавање за арт активизмот, интерактивни вежби и дискусии, учесниците се запознаа со концептот на креативен активизам и како преку креативни акции може да се предизвикаат промени во општеството. Учесниците лоцираа локални проблеми во нивните општини, кои ќе бидат цел на нивните креативни акции кои ќе бидат поставени во јавен простор.

Предавач беше македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. На работилницата учествуваа млади на возраст од 18 до 30 години од Кривогаштани, Прилеп, Кочани,  Градско и Кавадарци кои се пријавија на претходно објавениот повик за учество.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „Видливи, здружени и гласни – Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ спроведуван од страна на Коалицијата МАРГИНИ, Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛАГ Вардар Лидер и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во рамки на програмата Цивика Мобилитас.