септември 17, 2011
Проф. Гордан Калајџиев е нов претседател на Хелсиншкиот комитет
На 17ти Септември 2011 година се одржа Собрание на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија. Покрај сумирање на работата на Комитетот меѓу двете собранија, на Собранието е избран и нов Управен Одбор на Комитетот. Новиот Управен Одбор на својата прва седница го избра Гордан Калајџиев, еден од основачите на Комитетот, професор на Правниот Факултет Јустинијан I при Универзитетот Свети Кирил и Методија, за Претседател на Комитетот.
Со освежување на членството, како и новите членови на Управниот Одбор и новиот Претседател, МХК има намера да ја зајакне сопствената структура, но и да продолжи да го промовира и имплементира принципот на човекови права, недискриминацијата и владеењето на правото.