Превенција од ширење на вирусот КОВИД-19: Обратете се за правна помош по телефон или мејл
март 12, 2020
Почитувани граѓани,
Ве информираме дека поради превенција од ширењето на вирусот КОВИД-19, согласно насоките дадени од страна на Министерството за здравство, бесплатната правна помош граѓаните ќе можат да ја добијат на следниве телефонски броеви: 2 3119 073 и 072 278 436 како и по електронска пошта на адресата на Хелсиншки комитет – helkom@mhc.org.mk.
Граѓаните со итни и неодложни правни проблеми, по предходна телефонска консултација со правниот тим, ќе можат лично да се обратат во канцелариите на Хелсиншкиот комитет.
Да се однесуваме одговорно, бидејќи јавното здравје е заедничка одговорност.
Со почит,
Хелсиншки комитет за човекови права