ПРЕС: Европски ден на жртвите од криминал од омраза

јули 21, 2015

Хелсиншкиот комитет за човекови права има чест да Ве покани на прес-конференција која ќе се одржи на 22 јули 2015 г. (среда) од 12:00 часот во просториите на Комитетот (ул. Наум Наумовски Борче бр. 83, Скопје). Прес-конференцијата е посветена на 22 јули, предложен за „Европски ден на жртвите од криминал од омраза“ од страна на Советот на Европа.

Преку тековниот проект „Унапредување на националната инфраструктура против говор на омраза и злосторства од омраза“, поддржан од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје од 2013 г. до денес, Хелсиншкиот комитет евидентираше 223 инциденти сторени поради омраза. Сите инциденти можат да се видат на нашиот интерактивен веб портал за регистрирање на инцидентите – www.zlostorstvaodomraza.mk

За време на прес-конференцијата ќе биде презентиранa пубикацијата Годишен извештај за криминалот од омраза во 2014 година (87 инциденти). Дополнително, ќе биде даден преглед на инцидентите што продолжуваат и во 2015 година (22 инциденти), со особен осврт на злосторствата од омраза сторени против мигрантите-бегалци и одговорот на криминалот од омраза од страна на Министерството за внатрешни работи, јавните обвинителства и судовите.

П Р О Г Р А М А

12:00 – 12:05  Уранија Пировска, Воведно обраќање

12:05 – 12:15  Воислав Стојановски, Годишен извештај за криминалот од омраза во 2014 г.

12:15 – 12:20  Уранија Пировска Криминал од омраза во 2015 г. и одговорот на властите

12:20 – 12:30  Прашања од новинари и гости


20:00 – 22:00 „Турлитава 2 – Заедно е послатко“, Парк на Франкофонијата

Настан посветен на соживотот и толеранцијата, дегустација на вкусни традиционални специјалитети застапени во различните етнички кујни во Македонија (македонска, албанска, турска, ромска, српска, бошњачка и други) и проекција на кратките филмови „Ќор-сокак“ на Брам Шоу и „Опасни игри“ на Марина Абрамовиќ.