септември 21, 2017

Предлози и препораки на Хелсиншкиот комитет за Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година

По објавен повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, достави документ кој ги содржи предлозите и препораките за областите во кои Хелсиншкиот комитет активно работи, и тоа за следните области: бесплатна правна помош, правосудство, социјална заштита, образование, здравствена заштита, бегалци, баратели на азил и мигранти, говор на омраза, дела од омраза и заштита на правата на ЛГБТИ. Дадените предлози и препораки се темелат на спроведени истражувања и изготвени анализи по одделните области, кои се приложени кон документот. Документот со предлозите e доставени до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Хелсиншкиот комитет за човекови права останува во надеж дека дадените предлози и препораки ќе бидат земени во предвид при изработката на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година и дека активно ќе биде вклучен и консултиран при изготвувањето на новите прописи и измените на постоечките.

Документи