Повик за пријавување на бесплатна обука за родители и старатели

мај 13, 2020

Како да препознаете дискриминација и како да ја пријавите?

Онлајн обука за препознавање на дискриминација прекршување на права наменета за родители[1] на деца и лица со попреченост

Обуката ќе се одржи на 19 мај, 2020 (вторник). Обуката ќе може да ја следите во еден од двата термина, во зависност од тоа кој повеќе ви одговара:

 

 

ПРВ ТЕРМИН- 12.00-13.30 часот 

ВТОР ТЕРМИН- 18.00-19.30 часот

Што ќе може да слушнете на обуката?

  • Кои се вашите права (со фокус на одредени области како здравство, социјална заштита, образование, работни односи, итн.)
  • Каде и како да пријавите кога некое право ви е прекршено
  • Што е бесплатна правна помош и како да ја добиете
  • Прашања и дискусија

Учеството во обуката е бесплатно. Обуката ќе ја одржат правните советнички од Хелсиншкиот комитет за човекови права кои работат на давање на бесплатна правна помош.

Пријавување

  1. Пратете мејл со вашето име и презиме и еден од термините за обуката кој ви одговара на bojana.jovanovska@mhc.org.mk
  2. На мејлот преку кој сте се пријавиле ќе добиете потврден мејл со линк за инсталирање на ZOOM платформата и понатамошни инструкции како директно да се вклучите во обуката
  3. Пријавувањето за учество во работилницата трае до 17 мај, 2020

За сите дополнителни прашања пишете ни дадениот мејл или контактирајте ја Бојана Јовановска на 070242199.

 

[1] Во обуката може да земат учество сите лица кои се грижат за дете и/или лице со попреченост