ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА ЗА ДИЗАЈН ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕСЕЧНИ ИЗВЕШТАИ И ИНФОГРАФИЦИ

февруари 14, 2023

Референца за проектна апликација: Унапредување на заштитните механизми за бесплатна
правна помош и говор на омраза во Република Северна Македонија

Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје е здружение формирано во 1994 година, чија
мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот на РМ
и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и
културните права, како и Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на
демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.
Хелсиншкиот комитет за човекови права, за потребите на спроведување на проектот
Унапредување на заштитните механизми за бесплатна правна помош и говор на омраза во
Република Северна Македонија финансиран од страна на Фондацијата Отворено Општество –
Македонија објавува

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА ЗА ДИЗАЈН ЗА ИЗРАБОТКА НА МЕСЕЧНИ ИЗВЕШТАИ И
ИНФОГРАФИЦИ

Во контекст на спроведување на Работната програма на Хелсиншкиот комитет за човекови права
и со цел имплементација на активностите предвидени во проектот, Хелсиншкиот комитет има
потреба од екперт/ка за припрема на дизајн на месечни извештаи и квартални инфографици.

Што се очекува од надворешниот експерт/ка:
– Дизајн на 18 месечни извештаи за состојбата со говорот на омраза во РСМ
– Дизајн на 6 квартални извештаи за пристапот до правда базирани врз основа на
анализираните податоци за бесплатна правна помош внесени во дата базата на
Хелсиншкиот комитет како и мониторинг на судски постапки извршен од страна на
Хелсиншкиот комитет
– Дизајн на 6 квартални инфографици за состојбата со говорот на омраза во РСМ
– Дизајн на 6 квартални инфографици за пристапот до правда базирани врз основа на
анализираните податоци за бесплатна правна помош внесени во дата базата на
Хелсиншкиот комитет како и мониторинг на судски постапки извршен од страна на
Хелсиншкиот комитет

Потребни квалификации:
–  Завршени додипломски студии во област релевантна на повикот;
– Најмалку три години работно искуство;
– Напредни организациски и комуникациски вештини;
– Компјутерски вештини;
– Работа во тим и искуство на докажана работа; и
– Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.

Дополнителни информации:
Финансиската конструкција на оваа активност изнесува 2240 долари.

Рок и потребни документи за аплицирање:
– Кратка биографија (CV) на македонски јазик (не повеќе од две страници),
– План за работа согласно барањата на овој повик и предлог временска рамка,
– Во кратката биографија потребно е да бидат наведени најмалку две (2) референци и
портфолио на работа за претходно спроведени активности,
– Финансиска понуда за спроведување на активноста согласно барањата на овој повик,
– Апликациите се доставуваат на следните електронски адреси: helkom@mhc.org.mk и
ena.bendevska@mhc.org.mk најдоцна до 16.02.2023 година до 16:00 часот.
– При доставувањето на апликациите да се наведе име и презиме на
експерот/експерката, и НАЗНАКА ПОНУДА за ДИЗАЈН.

Постапка за избор на кандидат/ка:
Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе формира комисијата за избор на експерт/ка и ќе ги
разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да
бидат земени во предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во
зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас.
Најквалификуваниот кандидат ќе биде избран.
За сите дополнителни информации поврзани со овој повик можете да не контактирате на:
ena.bendevska@mhc.org.mk