Повик за апликации за пролетна академија за човекови права за млади
април 15, 2019
Хелсиншкиот комитет оваа година ја оддржува 37-тата школа за човекови права за млади. Оваа година, школата е во вид на напредна академија за човекови права за млади лица на возраст од 19 до 24 години.
Пролетната академија, со поддршката на Германската Амбасада во Скопје, ќе се одржи во периодот од 20 до 26 мај во Извидничкиот центар во Охрид.
Програмата на академијата е внимателно дизајнирана со цел да им овозможи на учесниците напредно разбирање на содржини поврзани со човековите права, дискриминацијата, говорот и делата од омраза, односно надминување на предрасудите, градење толеранција и разбирање за човековите права и механизмите на заштита. Покрај наставните содржини, учесниците ќе имаат можност да учат преку разни вежби и рекреативни активности, како и слободно време за меѓусебно дружење. Предавачи на академијата ќе бидат универзитетски професори и видни експерти во областа на човековите права, а тимот на Хелсиншкиот комитет ќе биде задолжен за организирање и спроведување на целосната програма на академијата.
Трошоците за учество во академијата се покриени во целост (превоз од секој град, сместување, оброци, работни материјали), односно нема да е потребен било каков надомест од страна на учесниците. Сместувањето е во двокреветни соби.
Ги охрабруваме младите лица на возраст од 19 до 24 години без оглед на нивната етничка припадност и националност, верско уверување, сексуална ориентација, попреченост или било која друга основа да се пријават на овој повик доколку имаат желба да учествуваат на академијата.
Повикот ќе биде отворен за пријавување до 26.04.2018 година, а за пријавата е потребно да се достави:
1.Формулар за Апликација (симни подоле )
2.Кратка биографија
3.Мотивационо писмо, во кое ќе ја изразите вашата мотивација за учество
Потребните документи испратете ги на е-маил: ena.bendevska@mhc.org.mk , со наслов (Subject) Пролетна академија за човекови права.