април 12, 2019

Социјалните мрежи полни со омраза – Скопје упориште на ширење национална, верска и сексуална нетрпеливост

Социјалните мрежи горат од говор на омраза, надлежните ги игнорираат фактите. Национална, верска и сексуална омраза се едни од најчестите прекршоци кои ги прават корисниците на социјалните мрежи во Македонија. Според мапата на хелсиншкиот комитет извор на говорот на омраза очекувано е главниот град но вакви случаи се регистрирани во сите делови од земјата. Од почетокот на годината до сега регистрирани се најмалку 70 случаи на говор на омраза.

Се бележи двојно зголемен број, така што се соочуваме со верификувани пријави, отприлика 45 случаи на месечно ниво, каде што правниот тим во Хелсиншкиот комитет детално ги анализира, мораме да ги заклучиме дека овие претставки навистина содржат говор на омраза, и потоа ја информираме јавноста и надлежните институции, вели Александар Јованоски, од Хелсиншки комитет.

Поглаварот на ИВЗ Реџепи и новинарот Миленко Неделковски се едни од истакнатите личности кои јавно ширеа говор на омраза. Реџепи на верска, национална и етничка припадност, а слично и Неделковски.

– Овие случаи на говор на омраза особено се инспирирани од јавни личности на социјалните медиуми. Особено од Рејсот каде што Хелсиншки поднесе претставка за говор на омраза каде што на јавен настан врз основ на верска, национална и етничка нерпеливост употреби говор на омраза да омаловажи дел од населелнието, односно македонското, изјави Јовановски за 1ТВ.

Според податоците на Хелсиншки зголемување на говорот на омраза е забележен во периодот кога се гласаат уставните измени но и сега о текот на претседателската кампања, што се совпаѓа со носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Антонио Крстевски