мај 22, 2019

Повик за ангажман на преведувач(к)и од македонски на албански и од македонски на англиски јазик

Општи информации

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Зголемување на продуктивноста преку подобрување на законската рамка за работните односи во Северна Македонија“ објавува повик за ангажман на преведувачи од македонски на албански и од македонски на англиски јазик во областа на работничките права. Преводите ќе опфатат делови поврзани со законската рамка, меѓународното и компаративното право, истражувачките прикази и документите за јавни политики.

Насоки за пријавување

Право да учествуваат на овој повик имаат преведувач(к)и кои ги исполнуваат следните критериуми:

-Работно искуство со институции, граѓански и меѓународни организации и донаторски агенции;

-Работно искуство со преведување во областа на работничките права, минималните стандарди за работа, условите за работа и квалитетот на спроведување на истите ќе се смета за предност;

-Познавање на терминологијата поврзана со меѓународните стандарди за работнички права ќе се смета за предност.

Работните задачи вклучуваат:

-Доставување на превод до проектниот тим во договорениот временски период;

-Следење на предлозите и забелешките на проектниот тим од Хелсиншкиот комитет и нивна доследна примена; и

-Одржување комуникација со координаторот за какви било информации во врска со спроведувањето на обврските.

Повикот е отворен за пријавување од страна на правни и физички лица.

Спроведување на активностите

Хелсиншкиот комитет ќе избере еден/една главен/главна преведувач/ка и двајца/две дополнителни преведувач(к)и. Со секој/а од избраните кандидати, Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор во кој ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски, а исплатата на надоместоците ќе се врши директно на ангажираните лица/фирми. Времетраењето на ангажманот на преведувач(к)ите ќе биде 22 месеци, почнувајќи од 1.6.2018 година до 31.3.2021 година.

Начин на пријавување и избор

За пријавување за учество кандидатите/тимовите треба да достават:

-професионална биографија со вклучени референци за претходни соработки;

-понудена нето и бруто цена за една страна страница превод (1800 карактери, вклучувајќи ги и празните места, од преведениот текст) и цена за работен ден.

Кандидатите можат да се пријавуваат за превод од македонски на албански и од македонски на англиски или само за еден од двата јазици.

Документите за пријавување ве молиме задолжително да ги доставите во pdf. формат на е-маил адресата helkom@mhc.org.mkнајдоцна до 27 мај 2019 година. За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената меил адреса и е-маил адресатаVildan.Drpljanin@mhc.org.mk, како и телефонските броеви +389 2/3119-073 и +389 71594553. Изборот на преведувач(к)ите ќе се врши врз основа на искуството, квалитетот и понудената цена од страна на пријавените.

Документи