Повик за ангажман на ит експерт/ка – веб дизајнер
август 20, 2019
Нарачател: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
Проект: Елиминација на родова нееднаквост преку институционални и дигитални интервенции
Донатор: Kvinna till Kvinna
I. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија од јануари, 2019 година, го спроведува проектот “Елиминација на родова нееднаквост преку интервенции на институционални и дигитално ниво” финансиран од страна на шведската фондација Kvinna till Kvinna. Проектот се фокусира на намалување на родовата нееднаквост во земјата преку интервенции на повеќе нивоа, и тоа: институционално и дигитално ниво, како и обезбедување бесплатна правна помош на жени и девојки, жртви на родово базирано насилство.
Една од компонентите на проектот преку која ќе се постигне главната цел е: подобрена имплементацијата на Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (понатаму во текстот: Истанбулска Конвенција) од страна на службениците во институциите вклучени во нејзина примена (јавни обвинители/судии, центри за социјална работа, полиција, општини, училишта, центри за јавно здравје ) преку подобрување на нивните знаења за стандардите кои Конвенцијата ги налага, а со тоа и зајакнување на нивните капацитетите за нејзина примена.
II. АКТИВНОСТИ и ПРЕДМЕТ НА АНГАЖМАНОТ
Една од предвидените активности во оваа компонента е развивање на дигитална алатка – вебсајт кој ќе содржи модули за е-учење. Дигиталната алатка за учење е замислена како интерактивен вебсајт или апликација, а е наменета за оние кои во својата работа се среќаваат со Истанбулската Конвенција и по со нејзината ратификација, треба да ја применуваат. Алатката ќе биде јавно достапна и бесплатна и целта е да има што поширок опфат, помеѓу професионалните службеници.
Конкретно активноста од овој повик е следна:
Развивање на вебсајt (е-алатка) кој ќе содржи за е-модули за учење (e-learning modules) за запознавање и примена на стандардите кои ги налага Истанбулската Конвенција.
Вебсајтот треба да биде: информативен, да генерира информативни содржини, ќе може да генерира тестови каде корисниците ќе може да го проверат своето знаење и и и да биде user – friendly.
Конкретен предмет на ангажманот ќе биде:
- Креирање на вебсајт со горенаведените спецификации
- Испорачување на содржината во одредениот временски рок, дефиниран во договор
- Едноставен дизајн и конвертирање на документи во пдф и закачување на содржините на сајтот
- Комуникација и координација со Проектната координаторка и експертот за Истанбулска конвенција, при процесот на ставање на содржините онлајн.
- Изготвување на краток извештај за извршената работа.
Повремени консултативни средби со Проектната координаторка при имплементација на проектните активности кои произлегуваат од оваа проектна компонента.
III. ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните за овој повик потребно е да достават професионална биографија (CV) на англиски или македонски јазик и портфолио со изработени проекти. CV -то и потрфолиототреба да го демонстрира следново:
- Вебдизајн (wordpress или друга платформа) – да се достават неколку примери на изработени проекти
- Практично искуство од најмалку 3 години;
- Искуство од работа со институции и меѓународни организации.
Покрај својата биографија, заинтересираните треба да испратат и финансиска понуда за експертската работа.
Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk и до tanja.stoimenovska@mhc.org.mk со назнака „експерт за Истанбулска конвенција“ најдоцна до 31 август (сабота) 2019 година.
За сите дополнителни прашања можете да се обратите на (2) 311 9073 (Тања Стоименовска – Проектната координаторка) и/или на следниов маил tanja.stoimenovska@mhc.org.mk