Оглас за вработување на проектен/а асистент/ка во програмата за застапување

декември 27, 2019

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија – ЛГБТИ Центар за поддршка во рамките на проектот „Време е!: Консолидирање на региoналните напори за унапредување на ЛГБТИ правата и еднаквоста во Западен Балкан и Турција поддржан од Европска Унија“ објавува:

Оглас за вработување на проектен/а асистент/ка во програмата за застапување

Главни задачи и обврски:

  • Поддршка на Програмската координаторка во спроведување на активности во програмата за застапување;
  • Техничка поддршка на Програмската координаторка во спроведувањето на активности кои се дел од програмата за застапување;
  • Учество во следењето и оценувањето на спроведувањето на активностите од програмата за застапување и навремено прилагодување на активностите во тесна комуникација со Програмската координаторка;
  • Развивање и подготовка на следствени предлог проекти на база на потребите и резултатите произлезени од тековниот проект;
  • Градење и одржување на партнерство со клучните засегнати страни на национално ниво;
  • Вклучување во активности за застапување со Парламентот на РМ, пред сè Интерпарламентарната група за ЛГБТИ;
  • Вклучување во активности за поддршка и обезбедување на информации и подготовка на извештаи за членовите на Интерпарламентарната група за ЛГБТИ;
  • Поддршка во подготовка на извештаи, брифови, препораки, реакции и соопштенија;
  • Ажурирање на содржини на веб страната на ЛГБТИ Центарот за поддршка;
  • Подготовка на месечни извештаи;
  • Поддршка во подготовка на годишни извештаи за состојби;
  • Поддршка во подготовка на проектни периодични и завршни наративни извештаи;
  • Тесна комуникација со одделот за финансии при подготовка на финансиски извештаи,

 

Потребни квалификации:

– Најмалку диплома за завршено четиригодишно високо образование (т.н „стара програма”) или диплома со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС во областа на правото, политичките науки или останати општествени области, завршени постдипломски студии ќе се сметаат за предност,

– Искуство во работа на проекти,

– Познавање на основите за човекови права,

– Познавање и разбирање на политичкиот и општествениот контекст во Република Македонија,

 

Вештини и компетенции

– способност за работа во разнолика средина,

– способност за индивидуална и тимска работа,

– напредно познавање на устен и пишан работен англиски јазик,

– одлични комуникациски и вештини за презентација,

– напредни организациски и вештини за раководење со време,

– вештини за разрешување на конфликти,

– посветеност кон почитување на вредностите за еднаквост, човекови права, феминизам, различност и ненасилство,

– способност за работа под притисок и во предизвикувачка околина.

 

Работно време

Работната недела е составена од 5 работни дена со вкупно 40 работни часа, најчесто од понеделник до петок, од 9 до 17 часот. За оваа позиција може да има потреба од прекувремена работа, флексибилно работно време и патувања надвор од Скопје.

 

Договор за вработување:

Со избраниот/та кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за пробна работа во траење од три месеци со можност за продолжување. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи и внатрешните акти на организацијата. За работното место е предвидена месечна нето плата од 34.650 денари по истекот на пробниот период од 3 месеци.

 

Дополнителни информации:

Транс и родово неконформирачки луѓе, интерсекс луѓе, лезбејки, бисексуалци, бисексуалки, геј мажи, жени, лица со попречености и припадници на други малцински групи се силно охрабрени да аплицираат за оваа позиција.

 

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени најмалку 2 референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите да се достават на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk најдоцна до 17 јануари 2020, до 16:59 часот. При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција за која се аплицира. Нецелосните апликации нема да бида земени во предвид при изборот на кандидатот-ката.

 

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Ќе бидат контактирани најквалификуваните кандидат/ки кои ќе бидат избрани во потесен круг, со нив ќе биде спроведено електронско тестирање, по што најдобрите кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран/а кандидат/ка и ќе му/и биде понудена работната позиција.