Обука за елиминација на насилството врз жените

декември 4, 2024

Компанијата „Вабтек МЗТ“ го одбележа 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со презентација за препознавање и заштита од семејно и родово базирано насилство, подготвена од Славица Анастасовска Анастовска и Наташа Петковска, правни советнички во  Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во презентацијата беше нагласено дека од особена важност  е да се заземе став против насилството и сите чинители да направат се’ што е во нивна моќ за да се превенираат сите видови насилство врз жените.

Како дел од оваа презентација се одржа и корисна работилница за самоодбрана, во која лиценцираниот инструктор по аикидо, Трајко Манасиев  заедно со Славица Анастасовска од Хелсиншкиот комитет,  на учесничките им покажаа практични вештини за подобрување на нивната безбедност, издржливост и самодоверба. .

Овој настан ја одбележа официјалната интеграција на компанијата „Вабтек МЗТ“  во иницијативата Women of Wabtec (WoW) – глобална програма посветена на поттикнување на инклузивноста, родовата еднаквост и можностите за жените да напредуваат и професионално и лично.

Ова беше прва соработка на оваа компанија со Хелсиншкиот комитет за човекови права кој активно се вклучи во оваа иницијатива за градење на побезбедно, поинклузивно и зајакнување на жените против насилствто на работното место и  во заедницата.