декември 22, 2017

Мотивација, продуктивност, комуникација – ТИМ!

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот “Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување”, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија го изработи видеото “Мотивација, продуктивност, комуникација – ТИМ!”

Видеото прикажува позитивен пример на текстилна конфекција во која се почитуваат работничките права на текстилните работнички, работничките имаат изградено пријателски и позитивен однос со работодавачот и се задоволни од своите приходи. Видеото има за цел да ја подигне свеста кај работодавачите во текстилната индустрија и да ги мотивира да ја подобрат состојбата со почитување на работничките права на текстилните работнички.

Видеа

Мотивација, продуктивност, комуникација - ТИМ!