август 23, 2016
Младите против говор на омраза!
Борбата против говорот на омраза започнува од најмладите. Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Општина Центар и основните училишта (ОУ Кирил и Методиј, ОУ Коле Неделковски, ОУ Кочо Рацин, ОУ 11 Октомври, ОУ Гоце Делчев и ОУ Димитар Миладинов) поддржа група на млади уметници кои со свои цртежи/графити изразија пораки спротивни на говорот на омраза. Со својата креативност тие испратија пораки за мир, љубов, еднаквост и толеранција на различностите меѓу младите. Цртежите се поставени на ѕидовите на основните училишта и се наменети да ги поттикнат младите да се борат против говорот на омраза преку промовирање на пораките содржани во нив.