Јавен повик за експертска позиција за изработка на методологија за спроведување на мониторинг посети во психијатриски установи и Специјалниот завод Демир Капија
октомври 6, 2022
Хелсиншкиот комитет за човекови права, во соработка со Македонското здружение на млади правници, за потребите на проектот ,,Борба против тортура и нехуман третман” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата EuropeAid/172218/DD/ACT/MK согласно Договорот за грант потпишан меѓу Хелсиншкиот комитет за човекови права и Европската Унија бр. NEAR-TS/2021/429-128 имплементиран од страна на двете организации, објавува јавен повик за една експертска позиција за изработка на методологија за спроведување на мониторинг посети во психијатриски установи и во Специјалниот завод Демир Капија.
Опис и цели на проектот
Општата цел на овој проект е да придонесе кон елиминација на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување во казнено-поправните установи, психијатриските болници како и други установи во кои лица се лишуваат од слобода. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Подигнување на свеста кај затворениците, лицата лишени од слобода како и пациентите во психијатриските установи и нивните семејства за користење на правните механизми за пријавување и барање на одговорност од надлежните институции во случаи на тортура и нехуман третман (2) Воспоставување на поголема одговорност на казнено-поправните установи, психијатриските болници како и други установите во кои лица се лишуваат од слобода во однос на преземање на мерки за елиминацијата на тортурата и нечовечкото постапување во установите во кои лица се лишуваат од слобода (3) Подобрување на капацитетите на правниците како и советници во казнено-поправните и воспитно-поправните установи за идентификување и спречување на тортура и малтретирање.
- Опис и работни задачи
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:
- Подготовка на методологија за спроведување на мониторинг посети во психијатриски установи и во Специјалниот завод Демир Капија;
- Осмислување на содржина за постери и флаери со правата на лицата сместени во овие установи во соработка со проектниот тим;
- Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на методологијата, постерите и флаерите. Методологијата треба да ги опфати развиените меѓународни стандарди поврзани со психијатриски установи и установи за лица со попреченост. Содржината на постерите и флаерите треба да ги опфатат правата на лицата сместени во овие установи кои се предвидени согласно позитивните национални прописи;
- Преглед на постоечки релевантни методологии за теренски посети во психијатриски установи и установи за лица со попреченост;
- Редовна комуникација и координација со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет.
- Потребни квалификации
- Завршено високо образование. Завршени постдипломски или докторски студии ќе се сметаат за предност;
- Најмалку 5 години професионално работно искуство во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман во казнено-поправните установи, психијатриските установи и другите установи за лишување од слобода;
- Искуство во изработка и подготовка на методологии;
- Напредно познавање на англискиот јазик и
- Напредни истражувачки и аналитички способности.
- Временска рамка и надомест
Eкспертот/ката ќе биде ангажиран/а во периодот помеѓу октомври и декември 2022 година, во договор со проектниот тим од Хелсиншкиот комитет. Вкупниот надомест за сработеното изнесува 1.300 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност.
- Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следните е-маил адреси: ina.dzugumanova@mhc.org.mk и helkom@mhc.org.mk со назнака „Пријава за експерт/ка за изработка на методологија “. Рокот за аплицирање е до 15.10.2022 година, 17:00 часот.
За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведените е-маил адреси, како и на телефонскиот број +389 2/3119-073.