октомври 29, 2019

Инспекција за неисплатен регрес за годишен одмор – работниците редовно да пријавуваат

На барање на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Државниот инспекторат за труд изврши вонреден инспекциски надзор од областа на работните односи во Приватна агенција за вработување – МОТИВИ Скопје.

Во текот на 2018 година, две работнички биле вработени на определено време во агенцијата, со цел привремено да бидат отстапени на работодавачот општина Центар. Работниот однос престанал по истекот на определеното време, а во тој период работничките го оствариле правото на регрес за годишен одмор за 2018 година. При надзорот на ДИТ е констатирано дека регресот не им бил исплатен, како што е предвидено во член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Врз основа на утврдената состојба, Инспекторатот донесе Решение со кое му се наредува на одговорното лице кај работодавачот да ги отстрани утврдените недостатоци и неправилности. Работодавачот постапи по решението на ДИТ.

Имајќи предвид дека неисплатата на регрес за годишен одмор е едно од најчестите прекршувања на работничките права во земјава, апелираме до работодавачите редовно да ја исполнуваат оваа законска обврска, а работниците редовно да пријавуваат прекршување на нивните права.

 

#МојТрудМоиПрава #Инспекција