“Гледај со срцето, прифати ја различноста”

јуни 23, 2017

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ ја започнува кампањата “Гледај со срцето, прифати ја различноста” посветена на лицата со посебни потреби и нивните можности и таленти. Видеото e работено по сценарио подготвено од страна на две студентки од Институтот по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје и ги прикажува талентите и можностите на неколку студенти со различни попречености и различности, преку нивното активно учество во спортскиот, општествениот и културниот живот.

Целта на кампањата е покренување на свеста во општеството за способностите што ги имаат лицата со попреченост и нивно мотивирање за активно учество во општествените случувања.

Во продолжение можете да ги најдете видеaтa на македонски и албански јазик.

Видео