Дијалог меѓу Северна Македонија и Полска против уназадувањето на правата на жените и за родова еднаквост
За формулирање на соодветни стратегии, размена на знаења, како и запознавање со примерите на добра пракса, од 24 до 26 март, 2024 година, се одржа студиска посета на Варшава, Полска, на тема: „Дијалог помеѓу релевантните актери на Северна Македонија и Полска против уназадувањето на правата на жените и родовата еднаквост“, во рамки на проектот iChange, во организација на ОДИХР.
Претставничка на Хелсиншкиот комитет за човекови права беше Јана Сотировска, која ја претстави ситуацијата во Северна Македонија со стеснувањето на полето на дејствување на граѓанските организации кои се застапуваат за родова еднаквост и директното влијание што го имаат антиродовите движења за уназадувањето на женските права за што е доказ дека не беше донесен Законот за родова еднаквост.
Зајакнувањето и ширењето на антиродовите движења претставува предизвик кој ги преминува националните граници и влегува во проблематика која бара соодветен, глобален одговор како и адекватни национални стратегии за справување со овој предизвик.
Учесниците се согласија дека се потребни нови стратегии за прекинување на родовото назадување, особено онлајн. Потребно е подобрување на познавањата на учесниците за нетолеранцијата, дискриминацијата на верска основа, кринималот од омраза врз основа на родов идентитет, врската помеѓу порастот на антиродовите движења и еродирањето на човековите права како и владеењето на правото.
Размената на искуства и знаења со полските колешки и екпертките од ОДИХР резултираше со заедничка работа на акциски план кој претставува сеопфатен одговор на дадените предвици.